Дома Фудбал Меси го прекинал одморот: Денес ќе има состанок со Куман

Меси го прекинал одморот: Денес ќе има состанок со Куман

Лионел Меси го прекина годишниот одмор за да се сретне со новиот тренер на Барселона Роналд Куман.

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Меси во последно време размислува да ја напушти Барселона. Наводно Аргентинецот е спремен за нов чекор во кариерата иако навивачите не веруваат во такво нешто.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Куман поради целата ситуација побарал состанок со Меси. Аргентинецот одлучил да го прекине одморот и денес да се сретне со холандскиот стратег.

Откако ќе заврши состанокот со Меси, тренерот на Барселона ќе има разговор и со останатите играчи како Пике, Бускетс и Серхио Роберто после што ќе ги донесе своите први одлуки пред почетокот на новата сезона.

Промени сигурно ќе има, а ќе видиме како ќе игледа составот на Барселона во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ја продолжи соработката со својот главен спонзор!

Вардар и оваа сезона ќе ја има поддршката од својот главен сојузник, „Новоматик“, кој ќе п…