Наближува поќетокот на 41. издание на Евробаскетот кој оваа година ќе се игра во четири земји: Германија, Грузија, Чешка и Италија.
Пред овој настан специјализираниот сајт за кошарка „Баскетњуз“ направи листа од топ 10 најдобри натурализирани кошаркари кои настапиле на ЕП. На оваа листа имаше место за Лестер Бо Мекејлеб кој го носеше дресот на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мекејлеб остави длабока трага во македонската кошарка и најмногу ќе остане запаметен по историскиот настап на Еврбоскетот во 2011 година во Литванија каде што бевме блиску до медал и завршивме на четвртата позиција.
Бо на листата се најде на четвртото место пред Миротиќ, Ибака, Слотер, Кејман, Сибилио и Брабендер. Пред него завршија само Рендолф кој беше шампион со Словенија на претходното првенство, Фучка и Холден.