Дома Останати Медведев триумфираше во Шангај

Медведев триумфираше во Шангај

Рускиот тенисер Даниел Медведев триумфираше на Мастерсот во Шангај, откако во финалето лесно со  6:4, 6:1 го совлада Александар Зверев.

Медведев го играше шестото финале по ред, деветто во 2019 година, а ја освои четвртата титула оваа сезона, со што потврди дека е во одлична форма.

Откако првиот сет го доби во 6:4, во вториот Русинот влезе фуриозно, поведе со 5:0, па рутински го заврши мечот за триумф во Шангај.

„Сакам да го поздравам мојот тим кој прави работа која можеби не ја гледате на теренот но е многу важна за формата во која се наоѓам. Сакам да ја поздравам и мојата сопруга која не е тука, таа повеќе веруваше во мене отколку јас самиот“, изјави Медведев.

9th final of the year. 6th consecutive final. 4th title. What an incredible year! @DaniilMedwed is the 2019 Rolex Shanghai Masters champion, winning 6-4, 6-1 over @AlexZverev. #RolexSHMasters pic.twitter.com/tktne31eQl
— RolexShMasters (@SH_RolexMasters) October 13, 2019

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ со неверојатен пресврт до финале во Дубаи

Новак Ѓоковиќ ќе биде ривал на Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Дубаи, отка…