Дома Фудбал Мегваер по одлуката на Саутгејт: Уништен сум!

Мегваер по одлуката на Саутгејт: Уништен сум!

Англискиот селектор Герет Саутгејт ги остави дефанзивецот Хари Мегваер и играчот од средниот ред Џек Грилиш надвор од неговиот тим од 26 играчи за Европското првенство.

Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, кој има 63 натпревари за националниот тим, не е доволно закрепнат од повредата и Герет Саутгејт размислувал да го остави надвор од последниот тим.

По оваа одлука на селекторот Мегваер напиша дека е уништен.

„Уништен сум што не бев избран за Англија. И покрај моите напори, не успеав да ја надминам повредата на листот.

Можеби премногу форсирав за да успеам. Изнервиран сум. За мене, да се носи дресот на Англија е голема чест. Одете и победете момци“, напиша Мегваер на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дини без милост за Лука: „Среќен е што воопшто е фудбалер“

Трој Дини жестоко го нападна напаѓачот на Наполи, а особено го налути односот на Лука кон …