Дома Фудбал Останато Мбапе и Салах се најскапите фудбалери, Роналдо го нема во Топ 15!

Мбапе и Салах се најскапите фудбалери, Роналдо го нема во Топ 15!

0

Килијан Мбапе и Мохамед Салах во моментов се најскапите фудбалери во светот, според анализата која ја направи фудбалската опсервација (ЦИЕС).

За одредување на цената на еден фудбалер се користи алгоритам во кој се вклучени фактори како возраста, договорот со клубот, колку време и на која позиција игра, постигнатите голови, меѓународното искуство…

Според последното истражување Килијан Мбапе во моментов чини 252 милиони евра, а веднаш после него е Мохамед Салах чија цена изнесува 219,6 милиони.

Следат Рахим Стерлинг (2017.8), Лионел Меси (167.4) и Џејдон Санчо (159.4). Суперѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо во мометов е 20-ти најскап фудбалер и вреди 118 милиони евра.

Интересно, првите два клуба од Премиер лигата, Сити и Ливерпул имаат по четири претставници во Топ 20. Алисон е најскап голман во светот чија вредност е проценета на 107 милиони евра.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винстент Компани ја спасува кариерата на швалерот на Карлеуша

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш кој го привлече вниманието на јавноста со скандалот со фо…