Дома Фудбал Репрезентации Мајсторијата на Марез во 95-та минута за финале на Алжир (ВИДЕО)

Мајсторијата на Марез во 95-та минута за финале на Алжир (ВИДЕО)

0

Алжир во возбудлив натпревар ја победи Нигерија и се пласираше во Африканскиот Куп на Нации.

Првата сериозна прилика ја имаше Алжир во 11-тата минута кога Бенасер одлично ја зафати топката со волеј, но играчот на Нигерија го блокираше неговиот шут. Потоа Бенасер одново шутираше со глава пет минути подоцна.

Алжир доминираше во првото полувреме, а во 40-тата минута стигнаа до водство откако Трост Еконг си постигна автогол.

Нигерија потоа заигра многу подобро, а во 71-та минута стигнаа до изедначување. Игало досудениот пенал го претвори во погодок.

Во 93-тата минута Алжир имаше голема прилика и тоа повторно преку Бенасер, но топката заврши во пречката.

Изгледаше дека ќе гледаме продолженија, меѓутоа тогаш во 95-тата минута беше досуден слободен удар за Алжир. Топката ја зема Ријад Марез и постигна мајсторски гол за финале на Алжир во Африканскиот Куп на Нации.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…