Фудбалерот на Рома и поранешен репрезентативец на Србија, Немања Матиќ преговара со Рен, објавија француските медиуми.
Матиќ има договор со Рома до 30. јуни 2024. година. Француските медиуми пренесуваат дека во тек се преговори помеѓу двата клуба, а Рен ќе направи се што може да го доведе во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така се наведува дека Матиќ има желба да потпише за Рен каде што би требало да го замени, Лесли Угочукву кој премина во Челзи. Матиќ во Рома пристигна во 2022 година, а претходно играше за Манчестер Јунајтед, Челзи, Бенфика, Витезе, Косице и Колубара.
Минатата сезона за Рома одигра вкупно 50 натпревари и постигна два гола. Рен во псоелдната сезона заврши на четвртото место во француското првенство со што обезбеди настап во Лигата на Европа.