Дома Трансфер зона Мартинез го советува Азар: Време е да го напуштиш Челзи!

Мартинез го советува Азар: Време е да го напуштиш Челзи!

0

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез јавно го посоветува Еден Азар да го напушти Челзи и да побара нов предизвик во кариерата.

Азар одигра феноменално на Светското првенство и се посилни се шпекуалциите за негов трансфер во Реал Мадрид.

Мартинез јавно му порача на Азар дека сега е идеално време да ја промени средината.

„Верувам дека сега можеби e вистинското време да си замине. Тој е играч кој напредуваше многу изминатиот период, има лидерски способности, има и неверојатен талент. Азар треба да се посвети на некој нов проект во својата кариера. Тој може да се вклопи во секој тим во светот. На играчите обично им требаат нови предизвици, па можеби е време Азар да го направи следниот чекор и да се раздели од Челзи“, изјави Роберто Мартинез.


Следете го Sportski.mk и на


Азар самиот неодамна призна дека сака да го напушти Челзи и дека преферира преселба во Реал Мадрид.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јаја Туре вчера доби отказ во Олимпијакос, а веќе денес е во Англија

Искусниот фудбалер Јаја Туре (35) вчера доби отказ во грчки Олимпијакос. Овој 35 годишен ф…