Генералниот директор на Интер, Бепе Марота во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за трансфер плановите на „нероаѕурите“.
„Најжешка“ тема во Интер е секако иднината на Лаутаро Мартинез, кој силно се поврзува со трансфер во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марота не негира дека напаѓачот би можел да се пресели на „Камп Ноу“, но убедува дека ќе пристигне врвна замена.
„Сакаме да ја засилиме структирата на тимот, а Лаутаро е важен елемент. Благодарение на Конте, на клубот и на неговиот талент веќе прерасна во вистински шампион. Се уште не го достигнал врвот и може да го достигне во Интер“.
„Интер не сака да го продава, но во договорот на Лаутаро има откупна клаузула, која истекува на 7-ми јули. Ајде да видиме што ќе направи Барселона и каква е неговата желба. Тој сега е сконцентриран на Интер, но доколку замине ќе пристигне нов топ-напаѓач“, истакна Марота.