Џузепе Марота со работа ќе продолжи во редовите и се чека само официјална потврда, а сега медиумите најавуваат и дека ќе се обиде сериозно да ги расипе плановите на неговиот поранешен клуб.
За очекување во следниот период Интер и Јувентус да имаат повеќе „натпревари“ надвор од зелениот терен. Имено, Партичи и Марота заедно имаа состатвен список на потенцијални засилувања, но тој список сега многу веројатно ќе заврши во Интер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На листата како една од главните мети е Федерико Киеза од Фиорентина. Јувентус и водеше преговори со „виолетовите“, а се споменуваше дека „старата дама“ сака да го купи за сума од 60 милиони евра. Сега во трката ќе влезат и „нероаѕурите“.
Интер и Јувентус би можеле да бидат и во трката за Барела од Каљари. Се наведува дека овој играч е по вкус на Алегри бидејќи може да игра на повеќе позиции на десната страна. Јуве ги следи и стоперите Андерсен од Сампдорија и Манчини од Аталанта.
Секако, на таа листа има и фудбалери кои се најсилна страна на Марота – оние на кои им истекува договорот. Тука се Марсијал од Јунајтед и Рабио од ПСЖ. Марсијал со Јувентус се поврзуваше во текот на летото, додека медиумите во Италија, Рабио се уште го поврзуваат со клубот од Торино.
Како и да е, за очекување е да гледаме интересни „трки“ помеѓу двата големи ривали.