Дома Топ вести „Марка“ најавува – Реал на лето тргнува по петтиот Србин во својата историја?

„Марка“ најавува – Реал на лето тргнува по петтиот Србин во својата историја?

Реал Мадрид на лето се очекува да направи големи промени, а денешното издание на „Марка“ пишува за нов фудбалер кој би можел да пристигне во Мадрид.

Оваа сезона многу се зборува за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Србинот кој игра фантастично во дресот на Лацио, неговиот тим е во полуфиналето на Купот на Италија, трет е на табелата во италијанското првенство и се наоѓа помеѓу најдобрите 16 во Лигата на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клаудио Лотито  веќе одбиваше големи понуди, а очекувањата дека ќе го пушти само за сума од над 100 милиони евра.

„Марка“ денес пишува дека за Сергеј интерес покажал и Реал Мадрид, токму тој е фудбалерот кој им е потребен на „кралевите“, порди неговите технички и физички карактеристики.

Треба да се истакне дека Реал во минатото знаеше да доведува по некој Србин. Милан Јанковиќ, Дејан Рамбо Петковиќ, Предраг Спасиќ и Перица Огненовиќ се фудбалерите од Србија кои го носеле дресот на славниот гигант од Мадрид.

Доколку Реал навистина е заинтересиран и има сериозна намера да го доведе Савиќ ќе има голема конкуренција од Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …