Дома Фудбал Марка: Зидан во Реал до 2020!

Марка: Зидан во Реал до 2020!

Шпанската „Марка“ објави дека челниците на Реал Мадрид му понудиле нов договор на Зинедин Зидан.

Французинот го превзема Реал Мадрид во јануари 2016 гофина и со клубот од тогаш ја освои Лигата на шампионите, а на добар пат е оваа сезона да стигне и до трофејот во Примера. На „Сантијаго Бернабеу“ се повеќе од задоволни од неговата работа и сакаат да соработуваат и во иднина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Марка“ тврди дека на Зидан му е понуден нов договор со важност до 2020 година, без оглед како Реал ќе ја заврши сезоната, а продолжувањето на соработката веројатно нема да биде официјализирано пред финалето во Лигата на шампионите.

Зидан од управата на „кралевите“ доби време да размисли и има можност да потпише договор кога ќе посака.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Криза во Реал: Винисиус даде ултиматум на Перез или заминува бесплатно

Не е повеќе возможно помирување помеѓу Винисиус Жуниор и Чаби Алонсо. Бразилскиот фудбалер…