Балотели не е задоволен од тоа како игра неговиот тим.
Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели беше уловен на камера како се жали на својот тренер и ги навредува соиграчите. Тој видео клип се рашири на интернет, но многу брзо беше избришан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ница започна да бележи добри резултати и непоразени се на последните пет натпревари, што ги доведе до горниот дел од табелата, но најголемата ѕвезда на овој тим и понатаму е незадоволна.
Балотели му на својот тренер му зборувал дека неговите соиграч играат многу лошо, дека се „неспособни“ и дека не можат да сврзат две додавања. Од него се очекува да постигне гол, но Балотели ги обвинува дека не можат да му додадат вистински пас.
Патрик Виера е свесен дека неговиот тим може многу подобри, но и дека веројатно ќе мора да го продаде Балотели.
Марио не ја крие желбата да замине во како што тој кажува некој поголем клуб, а враќање во Италија би било одлично за него. Оваа сезона одигра само 10 натпревари, поголем дел од стартот на сезоната пропушти поради обидот да издејствува трансфер во Марсеј.
Mario #Balotelli was caught on camera telling #OGCNice Coach Patrick Vieira that his teammates "can't string two passes together" https://t.co/fGPSjkw0ch #OGCN #Ligue1 pic.twitter.com/nB17BA6XRf
— footballitalia (@footballitalia) December 15, 2018