Марио Балотели повторно прави проблеми, овој пат во прашање е неговата форма.
Како што потврди тренерот на Ница, Патрик Виера, Балотели нема да биде во конкуренција за настап за натпреварот против Тулуз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тој не го отпишува италијанскиот напаѓач.
„Балотели добро работи, одработи добар тренинг утрово. Знам дека има желба, но не може да се врати во форма преку ноќ. Искусен е, се познава себе си и е свесен за своите можности, мое е да му дадам време“, изјави Виера.
Ќе потсетиме, Балотели многу се поврзуваше со заминување од Ница, голем интерес за неговите услуги покажуваше француски Марсеј, но сепак на крајот тој останан во тимот и на тренинзите се врати во катастрофална форма.
Оваа сезона Балотели не покажа ништо во репрезентацијата каде што го врати Роберто Манчини, но исто така и го исфрли после еден натпревар исто така поради лошата физичка подготвеност.