Дома Фудбал Англија Марез му постави услов на Лестер – еве што побара!

Марез му постави услов на Лестер – еве што побара!

Лестер и понатаму е без Ријад Марез кој штрајкува бидејќи клубот не му дозволи да се пресели во Манчестер Сити во зимскиот преоден рок.

Алижирецот од тогаш започна штрајк, не се појавува на тренинзите, а „лисиците“ му изрекоа казна од 250.000 евра. Меѓутоа, Марез бара гаранции дека ќе го пушти на лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Марез има ветување од Гвардиола дека повторно ќе испрати понуда за него во јуни, па играчот бара од Лестер писмена гаранција дека ќе му дозволи да замине.

Марез е бесен бидејќи Лестер минатото лето барашњ 60 милиони евра за да го пушти, а кога во јануари Сити беше спремен да ја плати таа сума „лисиците“ бараа неверојатни 90 милиони евра.

Во целиот случај се вклучи и асосцијацијата на профеционални фудбалери која се понуди да биде медијатор, но Марез не попушта и бара писмено ветување пред да се врати во тимот.

Лестер ќе мора да му го исполни ветувањето доколку сака да го врати Алжирецот во тимот до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…