Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез синоќа беше забележан на „Емирати“ стадионот и во живо го гледаше натпреварот помеѓу Арсенал и Челзи во Лига купот.
На социјалните мрежи се појави дури и кратко видео со фановите на Арсенал кои се обидуваат да извлечат информации за евентуален трансфер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Англиските медиуми сега се прашуваат дали следниот клуб на Марез ќе биде Арсенал или Челзи?
BREAKING: Riyad Mahrez Spotted Leaving the Emirates! (Improved Footage) | ?AFTV Young Gunz?: https://t.co/QFKeZlhfsN via
— ArsenalFanTV (@ArsenalFanTV) January 25, 2018
Според „Скај Спорт“ Алжирцот сакал да се види со својот поранешен соиграч Нголо Канте, кој во моментов е играч на Челзи. Двајцата се сретнале и заминале на вечера после натпреварот синоќа.
26-годишниот Марез беше трансфер цел на Арсенал минатото лето, а медиумите и во послдните неколку недели го поврзуваа со „топџиите“ како можна замена за Алексис Санчез.