Дома Фудбал Останато Манџукиќ добива нова улога во хрватската репрезентација

Манџукиќ добива нова улога во хрватската репрезентација

После завршувањето на репрезентативната кариера Марио Манџукиќ како што стојат работите ќе остане во фудбалот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Манџукиќ ќе добие нова улога од Златко Далиќ во репрезентацијата и ќе биде дел од неговиот стручен штаб. Не е познато кога соработката ќе биде официјализирана, но се тврди дека се е договорено.

Манџукиќ остави голема трага играјќи за Динамо Волфсбург, Атлетико, Баерн и Јувентус. Во кариерата одигра 426 професионални натпревари и постигна 166 клупски голови. За „А“ репрезентацијата на Хрватска оствари учинок од 89 натпревари и 33 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голгетерот кој даде над 400 гола во кариерата стана хит – играше фудбал со деца на локално игралиште (Видео)

Видео снимка која го прикажува Пјер Емерик Обамејанг, новиот напаѓач на Депортиво Ла Коруњ…