Дома Фудбал Италија Синоќа договорен трансферот на Марио Манџукиќ

Синоќа договорен трансферот на Марио Манџукиќ

Позната е следната дестинација на Марио Манџукиќ, ако им се верува на медиумите од Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот хрватски напаѓач после четири години ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Катар.

Тутомеркато известува дека синоќа бил постигнат договор за трансфер на Манџукиќ во Ал-Рајан.

Овој 33-годишен играч со новиот клуб ќе потпиша двегодишен договор вреден 7.5 милиони евра. За потпис на договорот треба да пристигне денеска или утре.

Според некои информации Јувентус ќе добие помалку од планираното. Старата дама очекуваше заработка од десетина милиони, а ќе инкасира помеѓу 6 и 8 милиони.

За Јувентус под водство на Макс Лаегри одигра 162 натпревари и постигна 44 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…