Дома Фудбал Англија Манчини ја превзема Англија

Манчини ја превзема Англија

Англичаните неодамна, поради корупциски скандал го отпуштија Сем Алардајс од селекторската функција, а медиумите пренесуваат дека негон наследник би можел да биде Роберто Манчини.

Манчини е добар познавач на англискиот фудбал, тој четири години беше менаџер на Манчестер Сити и во тој период освои една шампионска титула и три трофеи во ФА купот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчини минатата сезона беше тренер на Интер од каде замина пред почетокот на оваа сезона.

Англија, вечерва ќе игра против Малта, а од клупата ќе ја предводи селекторот на младата англиска селекција Герет Саутгејт. Според англиските медиуми, Манчини, добил покана од Фудбалската асоцијација да присуствува на овој натпревар.

Токму поканата која ја доби Манчини ги поттикна шпекулациите дека тој преговара со ФА за преземање на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар емотивно се прости од Дарко Глишиќ: Поим за љубов, лојалност и посветеност!

Вардар вчера играше бараж за опстанок во ПМФЛ против Детонит, а овој натпревар беше послед…