Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми понуда за капитенот на Милан

Манчестер Јунајтед спреми понуда за капитенот на Милан

Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Хари Мегваер, пренесуваат медиумите на Островот.

Прва мета на „црвените ѓаволи“ е капитенот на Милан и италијански репрезентативец, Алесио Ромањоли.

Ромањоли се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А и Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 35 милиони фунти за неговиот потпис.

Сепак, тешко дека Милан ќе се согласи на продажба на својот капитен и веќе спрема нов договор со дефанзивецот.

Како алтернатива се споменуваат Аке од Борнмут и Тирон Мингс од Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ареола го напушти Реал Мадрид и се врати во ПСЖ

Францускиот голман Алфонс Ареола го напушти Реал Мадрид. Ареола на почетокот од сезона во …