Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.
Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.
Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Минатата сезона постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.
После Светското првенство „црвените ѓаволи“ нема да жалаат пари да го донесат на „Олд Трафорд“ бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.