Манчестер Јунајтед на почетокот од сезоната во Премиер лигата не игра како што навивачите очекуваа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посебно разочарување е што Јунајтед дома има само еден бод против Челзи и три порази од Кристал Палас, Тотенхем и Арсенал. Клубот е без победа во првите четири натпревари на „Олд Трафорд“ и тоа му се случува на клубот првпат по 1972 годна кога Јунајтед заврши на 18. место на табелата од 22 екипи.
Неверојатно звучи податокот дека од формирањето на Премиер лигата Манчестер Јунајтед повеќе од три порази дома имал само во две сезони, 2001/2002 и 2013/2014. Тогаш Јунајтед во двете сезони имал четири порази дома, меѓутоа сега има дури три од само четири натпревари.