Манчестер Јунајтед и Челзи покажуваат силен интерес за играчот за врска на ПСВ, Ибрахима Сангаре.
Во договорот на 24-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра. Холандскиот клуб не сака да го пушти играчот за сума помала од споменатата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСВ го доведе Сангаре од Тулуз во 2020 година, и изминатата сезона тој запиша 49 меча и одигра одлично. Тој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.
Сангаре сака да се пресели во Премиер лигата, а Манчестер Јунајтед и Челзи веќе преговараат со неговиот агент.