Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед добил официјална понуда за Марсијал

Манчестер Јунајтед добил официјална понуда за Марсијал

Францускиот напаѓач Ентони Марсијал сака во јануари да го напушти Манчестер Јунајтед.

Марсијал отворено му соопшти на тренерот Рагник дека не е задоволен со својот статус во англискиот клуб и смета дека е време после шест години да го напушти „Олд Трафорд“. Тоа го потврди и самиот Рагник.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Денес „Скај Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед добил официјална понуда за Марсијал. Севиља сака да го види францускиот напаѓач во своите редови.

Севиља до Манчестер Јунајтед испратила понуда за позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Јунајтед се уште не се огласи, меѓутоа се очекува понудата да биде прифатена и Марсијал да продолжи во Шпанија.

Во досегашниот дел од сезон ата за Јунајтед Марсијал одигра 10 натпревари во сите натпреварувања и постигна само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…