Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го договори првото засилување

Манчестер Јунајтед го договори првото засилување

Англиските медуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е пред комплетирање на трансферот на играчот на Марсеј, Бубакар Камара.

21-годишниот Французин игра одлично во Марсеј, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој веќе одби да ја продолжи соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе Французинот бидејќи Ралф Рангник сака да го засили средниот ред, каде Матиќ е на залез на кариера, а Фред не е на посакуваното ниво.

Последните информации се дека Манчестер Јунајтед постигнал комплетен договор со францускиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…