Изгледа дека Манчестер Јунајтед конечно тргна да ги решава своите дефанзивни проблеми. Долго тренерите на „Црвените ѓаволи“ беа во потрага по засилувања во последната линија, а сега пристигнуваат вест дека клубот од „Олд Трафорд“ направил конкретен чекор.
Солскјер ќе има солиден буџет во летниот преоден рок и одврзани раце да креира тим по своја мерка, а приоритет за „црвените ѓаволи“ ќе биде доведување на врвен дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот на Наполи Калиду Кулибали веќе подолго време се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“, а последните информации од Островот велат дека Јунајтед нема да жали пари да го донесе во своите редови.
Имено, „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 90 милиони фунти (105 милиони евра), која наводно Наполи нема да може да ја одбие. Притоа, англискиот гигант му нуди на дефанзивецот двојно поголема плата од таа која ја заработува во Италија.
Доколку се реализира овој трансфер, Кулибали ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња и ќе го сруши рекордот на Вирџил ван Дајк.
Според италијанските медиуми Кулибали во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, па Наполи воопшто нема да преговара со заинтересираните клубови. Тој што го сака дефанзивецот ќе мора да ја плати откупната клаузула.