Дома Фудбал Англија Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот од ¼ финалето во Лигата на Шампиони. По жрепката за ЛШ, сите го имаа отпишано Тотенхем, но тие успеаа да го елиминираат Сити и тоа сосема оправдано. Славеа дома со 1:0, за пред неколку дена Сити да победи со 4:3 во еден крајно интересен и неизвесен натпревар.

Такво нешто очекуваме и овој пат. Сити не смее да си дозволи кикс, бидејќи на тој начин може да остане и без титулата во Премиер Лигата, но Спарси се залетани и после елиминацијата на Сити, сега сакаат да му станат ноќен кошмар на тимот на Гвардиола.

Сити во очај по елиминацијата од ЛШ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити, целиот стручен штаб и навивачите се во очај. Како да биде поинаку, кога ни оваа сезона не е исполнета целта на тимот, а се потрошија толку многу пари. Сега сите ги гледаат своите соништа низ чад, по елиминацијата од Тотенхем во Лигата на Шампиони. Дополнителен проблем, е што сите тие немаат премногу време за жалење. Нема време за сумирање на емоциите и за нивниот настап во европската елита. Повторно пред нив стои Тотенхем, кои сега освен титулата во Лигата на Шампиони, може да им биде пречка и кон титулата во Премиер Лигата. Ливерпул има лесна задача ова коло, па со евентуален кикс на Сити бодовната разлика може да биде поголема во однос на натпреварот помалку на Сити кои треба да го одигра во овој период.

Самосожалувањето да се претвори во одмазда

Нема време за самосожалување. Тие мораат целосно да се насочат и посветат кон титулата во домашниот шампионат. Ќе имаат и мала предност во однос на Ливерпул, со оглед на тоа што Ливерпул ќе продолжи да се бори на два фронта. Тоа добро го знае Пеп, но многу работи и за него ќе бидат појасни по овој дуел со Тотенхем.

Гвардиола ќе се обиде да ја подобри атмосферата во тимот преку еден збор – Одмазда. А таа одмазда за Тотенхем може да дојде ногу бргу, за само три дена по славјето на Спарси.

Нема простор за голема ротација во Сити, па малку е веројатно дека ќе има премногу промени од оној тим што играше во средината на неделата.

Сити победи на тој меч со 4:3 и имаше многу позитиви за нив на теренот. Веројатно со сличен стил на игра ќе бидат најблиску до победа и на овој меч. Но, Пеп најверојатно ќе направи целосна промена кај бековите. Сега Џон Стоунс и Николас Отаменди се во предност во однос на Винсент Компани и Ајмерик Лапорте, кои имаа лоша вечер пред неколку дена.

Тотенхем во облаци

Тотенхем го елиминира Сити иако беа без услугите на Хари Кејн, Хари Винкс и Ерик Диер, кои веројатно ќе бидат спремни за овој натпревар. Кејн ќе игра сигурно, а останатите двајца се под знак прашалник, со тоа што поголеми се шансите за настап. Го загубија Муса Сисоко во првото полувреме, но Покетино не погреши што го остави Виктор Вањама како единствен деструктивец во средниот ред. Фернандо Льоренте влезе место Сисоко и изгледаше скромен пред да го постигне третиот гол за Спарси.

Тоа беше инспиративен натпревар за нив и сега сите го заборавија оној црн период на лоши резултати.

Многу нешта зависат од настапот на Винкс и Диер

Маурисио Покетино, иако е многу блиску до континентална слава, сепак ќе биде очаен за неговата екипа да заврши во првите четири во лигата. Тоа е многу полесен начин Спарси да игра во Лигата на Шампиони и следната сезона. Покетино има доволен опсег за да ги одмори играчите на бековските позиции, ако сака. Давинсон Санчез и Бен Дејвис би можеле да влезат меѓу првите единаесет. Но, тие се прилично ограничени во средниот ред и нападот, со повреди што се актуелни подолго време. Многу работи ќе бидат полесни ако Диер и Винкс се спремни за настап. Оливер Скип ќе биде една опција во средината за да игра заедно со Вањама, доколку тие двајца не се спремни. Но секако, постои опција да стартува и Љоренте како би се продолжило она што започна при неговото влегување на теренот пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…