Пеп Гвардиола е одлучен во намерата да доведе засилување во офанзивниот дел од тимот, а откако пропадна трансферот на Лукас Пакета, нова мета е Еберечи Езе.
Англиските медиуми тврдат дека скаутите на Сити веќе подолг период го следат Езе и бил високо оценет, посебно со настапите на почетокот на оваа сезона. Според најавите, Сити нема да жали пари и „граѓаните“ се спремни да платат 80 милиони евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Езе може да игра како офанзивен играч за врска или лево крило, па би можел да се вклопи во разни замисли на тренерот Гвардиола.
Сити летово ги доведе Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, а се поврзува и со Жереми Доку од Рен.