Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед убедливо на првиот натпревар на турнејата против ЛА Галакси

Манчестер Јунајтед убедливо на првиот натпревар на турнејата против ЛА Галакси

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа својот прв пријателски натпревар во рамките на подготовките за следната сезона,

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во САД каде што ќе го одиграат првиот дел од подготовките за следната сезлона. Избраниците на Жозе Мурињо ова утро го одиграа пријателскиот натпревар против ЛА Галакси и убедливо славеа со 5:2.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Јунајтед многу добро го отвори натпреварот и до водство дојде уште во втората минута, кога Рашфорд ја затресе мрежата на противникот. Во 20. минута беше 2:0, а повторно стрелец беше младиот напаѓач на Јунајтед. Шест минути подоцна гостите го постигнаа и третиот гол, а овој пат на листата на стрелци се запиша Фелаини.

На почетокот на вториот дел Мурињо направи 11 промени, каде што им даде шанса на другите играчи, меѓу другите, Ромелу Лукаку кој дебитираше во дресот на Манчестер Јунајтед. До крајот на натпреварот видовме уште четири гола. Михтарјан во 67. минута зголеми на 4:0, а петиот гол за Јунајтед го постигна Мартиал.

Конечните 5:2 во овој натпревар ги стави поранешниот напаѓач на Барселона, Џовани Дос Сантос, кој два пати ја затресе мрежата на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луда драма: Седум репрезентации ќе се борат за три места кои носат директно на СП во последното коло!

Одлучувачко коло во квалификациите носи неверојатна драма. Седум репрезентации се борат за…