Дома Фудбал Останато Макрон повторно се меша во ПСЖ: Сакам Зидан да биде тренер

Макрон повторно се меша во ПСЖ: Сакам Зидан да биде тренер

Претседателот на Франција Емануел Макрон почна сериозно да се меша во случувањата во ПСЖ. Откако претходно самиот потврди дека разговарал со Мбапе за тој да остане во Париз сега изрази желба Зидан да го води ПСЖ.

Макрон во својата изјава истакна дека не разговарал со Зидан, но сака тој да биде новиот стратег на „светците“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум разговарал со Зидан, но сум воодушевен од него и од времето како играч и сега како тренер. Освои три титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и тоа е нешто кое го посакуваме за нашите клубови. Сакаме да се врати и да ја промовира Франција. Би било одлично Зидан да го води ПСЖ, тоа ќе биде добро општо за францускиот спорт“, изјави Макрон.

Во јавноста Зидан подолго време се поврзува со ПСЖ, меѓутоа според последните информации поблиску е да не стане, отколку да стане тренер на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јасни се деталите за новиот договор на Упамекано со Баерн, постои важен детал

Продолжувањето на договорот на Даио Упамекано со Баерн Минхен веќе е практично сигурно и н…