Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарите скокнаа на ФИБА ранг листата!

Кошаркарите скокнаа на ФИБА ранг листата!

Машката сениорска репрезентација на Македонија бележи напредок за едно место на последното рангирање на ФИБА.

По завршувањето на светските квалификации за Светскиот Куп 2023, како и оние европски претквалификации за ЕП во 2025 година, нашиот сениорски национален тим е поставен на 53. место на светската рејтинг листа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Победата во последното, шесто коло од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025, онаа против селекцијата на Норвешка во Осло, услови Македонија да добие нови рејтинг поени. Сега имаме вкупно 204.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 28. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Шпанија, е лидер во светскиот поредок. „Црвената фурија“ има 758.3 поени со кои е пред неприкосновената САД (има 757.2 поени), пред Австралија, Аргентина и Франција кои останаа во ТОП 5 друштвото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…