Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија У21: Победа против Молдавија во Скопје

Македонија У21: Победа против Молдавија во Скопје

Младата репрезентација на Македонија до 21 година славеше победа со 2:1 против селекцијата на Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Нашата селекција ја забележа четвртата победа во овие квалификации. На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над селекцијата на Молдавија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првиот  погодок на денешниот дуел беше дело на Бехар Фета во 11. минута. Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија. Противникот во следниот напад успеа да постигне погодок за намалување на нашата предност

Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација ќе игра против Грузија, на гостински терен, на 15. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските репрезентативци пристигнаа во Рига📷

По победата во Рига против Летонија македонската фудбалска репрезентација денеска пристигн…