Македонија ги завршува квалификациите за пласман на Европското Првенство на домашен терен против Израел. Со победа можеме да бидеме трети, а тоа ќе биде најголем успех до сега. Но со пораз, ќе бидеме предпоследни, што само по себе ќе значи дека македонскиот фудбал воопшто не напредувал.
Можеме и трети, можеме и предпоследни
За да бидеме трети, математиката е лесна – мора да го победиме Израел, но и Полска да слави над Словенија, иако немаат императив за такво нешто. Македонија макар и со 1:0 ќе се израмни бодовно со Словенците, а поради подобриот меѓусебен дуел (2-1, 1-1) ќе бидеме пред Словенците и ќе го освоиме третото место. Секој бод на Словенија во Полска, би значел дека третото место за нас е недостижно, а во ситуација ако го победиме Израел е бидеме четврти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, Македонија може да биде и претпоследна. Такво нешто може да ни се случи со реми. И тоа реми како и во Израел – 1-1, или 2:2, 3:3 … Во таква ситуација, кога во сите параметри би биле израмнети со Израелците во меѓусебните дуели, освоени бодови, дадени голови, голови на гости ќе решава вкупната гол-разлика, а Израел за еден гол е подобар од нас.
Се враќаат неколкумина, но некои ќе отсуствуваат
Победа е императив за Македонија, па можеби затоа се очекува селекторот Игор Ангеловски да ја промени формацијата од оној меч со Австрија. Наместо со пет во одбраната ќе бидеме со четворица и тоа Ристевски лево, а Ристовски десно. Добра вест е тоа што се враќа најдобриот дефанзивец во овие квалификации Муслиу на централната бековска позиција, а тој ќе игра заедно со Велковски.
Во Средината веројатно повторно шанса ќе добие Костадинов кој имаше добро деби со Австрија, а до не го би требало да стартува Николов кој беше суспендиран за мечот со Австрија. Офанзивната тројка во средината ќе ја сочинуваат Елмас, Барди и Пандев кој исто така не играше во Австрија, а најистурен ќе биде Несторовски или Стојановски.
Несторовски не играше во Австрија поради суспензија, а и не е баш добар во квалификациите досега. Но Стојановски постигна гол на своето деби и имаше уште неколку добри прилики за гол, па не треба да се изненадиме доколку го видиме во почетниот состав. На голот секако незаменлив е Димитриевски.
Дополнителен проблем за Ангеловски е тоа што на мечот во Австрија се повредија Трајковски, Младеновски и Спировски, па според тоа можеме да заклучиме дека колку што Македонија доби со враќањето на суспендираните, толку загуби со повредите на овие тројца фудбалери.
Македонија со три порази од три меча против Израел во Скопје
Овие две екипи досега одиграле шест натпревари. Билансот е една победа, едно реми и четири порази од вечерашниот противник. Предизвикот на фудбалерите вечерва ќе биде и да се стигне до првата победа на домашен терен против селекцијата на Израл, бидејќи единствениот триумф е остварен пред две години во Хаифа во рамките на квалификациите за Светското првенство. Во Скопје, Македонија на три меча против Израел има три порази.
ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ
ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2019 – ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА 1:1
СП КВАЛИФИКАЦИИ 2017 – ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА 0:1
СП КВАЛИФИКАЦИИ 2016 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 1:2
ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2007 – ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА 1:0
ЕП КВАЛИФИКАЦИИ 2007 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 1:2
ПРИЈАТЕЛСКА 2002 – МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2:3
Наш предлог:
Двете екипи да постигнат гол @ 1.72 во Bet365
Победа на Македонија или нерешено @ 1.44 во Bet365