Македонскиот фудбалер Давор Здравковски ќе има важна улога во новата сезона во кипарскиот шампионат во тимот на АЕЛ Лимасол.
Овој клуб потврди дека Здравковски и во новата сезона ќе биде еден од петте капитени на тимот. За Македонецот ова не е новост затоа што во минатата сезона капитенската лента ја носеше на 10 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е еден од најстандардните фудбалери во тимот од Лимасол и тука настапува уште од 2017 година. Зад себе 122 натпревари. Претходно го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.
Своевремено тој беше капитен и на младата репрезентација на Македонија за која одигра 14 натпревари.