Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Милан доминираше, но не го победи Њукасл, Лајпциг стартуваше со три бода

ЛШ: Милан доминираше, но не го победи Њукасл, Лајпциг стартуваше со три бода

Mилан доминираше против Њукасл во денешното прво коло од Лигата на шампионите, но без разлика на тоа на крајот остана без три бода.

Во првото полувреме Милан создаде четири-пет одлични прилики за гол, а најголемата ја имаше Рафаел Леао кога во 34. минута доби одлична топка од Ернандез, но по слаломот во шеснаесетникот се обиде да реализира со пета и тоа се покажа како погрешен избор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во второто полувреме Њукасл малку се стабилизира и Милан не создаваше толку многу шанси за гол, но повторно имапе иницијатива. Кога „росонерите“ не ги искористија приликите казна можеше да стигне во завршницата кога Спортиело одлично интервенираше при удар од далечина.

Спортиело во игра влезе во 81. минута откако Мајк Мањан се пожали на повреда без да има некаква посериозна интервенција. Во следното коло Милан гостува кај Борусија Дортмунд, додека Њукасл игра со ПСЖ.

Во вториот во истиот термин, Лајпциг ја опрада фаворитската улога и славеше против Јанг Бојс со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…