Македонскиот првак Шкендија во првата квалификациска рунда за Лига на шампионите ќе одигра двомеч со словенечкиот претсваник Мура.
Првиот меч Шкендија ќе го игра на домашен терен на 6 или 7 јули, а реваншот е седум дена подоцна (13 или 14 јули) во Словенија.
Токолку македонскиот шампион биде подобар во двомечот со Мура, во второто квалификациско коло на ЛШ ќе игра со подобриот од пресметката Лудогорец (Бугарија) – Шахтјор Солигорск (Белорусија).