Дома Трансфер зона Луда идеја: Роналдо може да потпише нов договор, па да оди на позајмица!?

Луда идеја: Роналдо може да потпише нов договор, па да оди на позајмица!?

Aктуелна тема во фудбалскиот свет уште од почетокот на преодниот рок е иднината на Кристијано Роналдо, Португалецот на големо се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо не ги започна припремите заедно со останатиот дел од Манчестер Јунајтед, главната причина наводно е неговата желба да игра во Лигата на шампионите. Се поврзуваше со ПСЖ и Баерн, но овие два клуба изгледа не се заинтересирани. Како најсериозна опција во последниот период се издвои Атлетико Мадрид.

Атлетико нема пари да го откупи, меѓутоа сега се пишува дека „јорганџиите“ би можеле да го доведат на позајмица. Чудно изгледа опцијата Роналдо сега да оди на позајмица, а потоа да се врати во Јунајтед и ако тимот избори ЛШ да ги предводи „ѓаволите“ во најелитното европско натпреварување во сезоната 2023/2024 кога ќе биде на прагот на 40 години.

Роналдо денес ќе се приклучи на екипата откако ја пропушти турнеата во Австралија, ќе има разговор со управата и Ерик Тен Хаг. Јунајтед сака тој да остане, но новиот договор, со помала плата и позајмица би можел да биде еден вид компромис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…