Лука Дончиќ иако како и што самиот изјави пред неколкуи дена се соочува со приватни проблеми, сепак прикажува настапи на високо ниво во најсилната кошаркарска лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Словенчкиот кошаркар го предводеше Далас до победа на гости кај Индијана со 104:127, а го имаше и потегот на мечот. Дончиќ постигна 25 поени и додаде уште седум скокови и шест асистенции. Една од тие асистенции веројатно ќе се вбројува и помеѓу најдобрите на крајот од сезоната. Во редовите на Индијана најдобар беше Матурин со 26 поени
Одлична вечер имаше и Никола Јокиќ против Филаделфија во победата на Нагетс од 116:111. Треба да се спомене дека главниот ривал на Јокиќ за МВП, Џоел Ембид не настапи. Јокиќ во натпреварот стигна до својот 105-ти трипл-дабл во кариерата со 25 поени, 17 скокови и 12 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 117:126
Индијана – Далас 104:127
Њујорк – Хјустон 137:115
Јута – Феникс 103:117
Денвер – Филаделфија 116:111
Портланд – Њу Орлеанс 90:124
Сакраменто – Минесота 115:119
ЛА Клиперс – 124:112