Дома Фудбал Англија Лоши вести за Солскјер – остана без двајца клучни фудбалери

Лоши вести за Солскјер – остана без двајца клучни фудбалери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се соочува со сериозни проблеми пред утрешниот натпревар со Лестер на „Олд Трафорд“.

Норвежанецот за овој натпревари нема да може да смета на услугите на Марсијал и Погба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Двајцата Французи им се приклучија на веќе повредените Лук Шоу, Баи, Дало, Џеси Лингард и Арон ван Бисака. 

Поради тоа Солскјер ќе биде на мака да го состави тимот против „лисиците“ кој е од голема важност бидејќи „црвените ѓаволи“ не ја отворија најдобро сезоната.

„Погба нема да биде подготвен. Ќе игра само доколку се случи чудо, да закрепне преку ноќ. Не беше во можност да тренира со полн интензитет“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи има потреба од 60 милиони за да ги регистрира новите засилувања

Челзи има потреба од 60 милиони фунти од продажби, за да може да ги регистрира новите заси…