Францускиот голман, Хуго Лорис имаше пофални зборови за сонародникот Пол Погба, иако тој во последно време има многу големи критики.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Некогаш најскапиот фудбалер во светот во последно време не игра во првата постава на Манчестер Јунајтед но Лорис смета дека тој се уште е еден од најдобрите во светот.
„Можеби оваа сезона беше малку комплицирана, но често беше повреден и тоа е една од причините поради која не беше постојано на терените. Но, тој веќе докажа во Манчестер Јунајтед и во репрезентацијата на Франција дека е еден од најдобрите во светот кога е 100% спремен. Сега е и поискусен и тоа сигурно дополнително ќе му помогне“, изјави Лорис.
Потсетуваме, Погба оваа сезона во сите натпреварувања одигра 27 натпревари и постигна три гола со 10 асистенции. Поранешниот играч на Јувентус, според пишувањето на француските медиуми, би требало од клупата да го започне натпреварот против Колумбија, поради проблемите со формата.