Дома Фудбал Лопатеги за новата сезона – Герет Бејл, Кејлор Навас, како без Роналдо…

Лопатеги за новата сезона – Герет Бејл, Кејлор Навас, како без Роналдо…

Јулијен Лопатеги денес одржа прес-конференција пред натпреварот против Манчестер Јунајтед во САД, а главна тема беше: Може ли неговиот тим да биде ист во новата сезона без Роналдо?

Лопатеги пред самиот почеток на Светското првенство беше претставен како нов менаџер на Реал Мадрид, поради тоа доби отказ во селекцијата на Шпанија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога потпишав, Роналдо беше наш играч, но за краток период изрази желба да замине. Ова е голем и возбудлив предизвик, мораме да се обидеме и без Роналдо да бидеме конкуретни. Не се сомневам дека сите играчи кои ги имам распалогање ќе дадат се од себе“, изјави Лопатеги, а потоа доби прашање за Герет Бејл.

„Убеден сум дека Бејл и оваа година ќе направи многу. Тој е голем играч и можам да потврдам дека многу работи. Тој и Бензема се полни со ентузијацам, имаат голема прилика да докажат дека можат и без Роналдо“.

Кејлор Навас?

„Разговорав со Навас и среќен сум што го имаме, а и тој е среќен. Не можам повеќе ништо да ви кажам. Кејлор е важен играч на овој тим. Сакаме и понатаму да уживаме ов неговите одбрани“, заврши новиот стратег на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…