Дома Трансфер зона Лондонско дерби за голманот на Лацио

Лондонско дерби за голманот на Лацио

0

Арсенал и Тотенхем се силно заинтересирани за голманот на Лацио и албански репрезентативец Томас Стракоша, пренесуваат медиумите на Островот.

Двата клуба ова лето сигурно ќе донесат еден голман кој ќе може да биде резервна опција. Во моментов први голмани во Арсенал и Тотенхем се Бернд Лено и Уго Лорис, но немаат адекватна замена.

Клубовите од Северен Лондон во албанскиот репрезентативец гледаат идеално засилување за голманската позиција.

24-годишниот Стракоша има одлична сезона зад себе, а Лацио е спремен да го продаде доколку пристигне понуда од 25 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер испратил понуда за Видал, но на Барселона не и одговарале условите

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал и ова лето е мета на шпекулации дека ќе ја напушти Барсе…