Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд.
Иако со Ливерпул има договор до летото 2021. година, медиумите на Островот се убедени дека Ловрен ова лето ќе ја промени средината и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако се пишуваше дека за Ловрен е заинтересирана Рома, сега во игра се вклучува и Зенит, кој бара партнер во одбраната на Бранислав Ивановиќ.
Русите веќе стапиле во контакт со представници на Ливерпул и се распрашуваат за евентуален трансфер, а останува да видиме дали на крајот ќе дојде до договор.
Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014. година од Саутемптон, а со Црвените ја освои Лига на шампиони и Премиер лигата.