Дома Останати Линдзи Вон бара дозвола да се натпреварува со мажите

Линдзи Вон бара дозвола да се натпреварува со мажите

Скијачката федерација на САД идната недела ќе поднесе официјално барање до Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за да ѝ биде овозможено на Линдзи Вон да настапи во спуст во машка конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доколку барањето биде прифатено, Вон, најтрофејната скијачка во американската историја, ќе настапи последниот викенд во ноември на машкиот спуст во канадскиот Лејк Луис.

ФИС пред пет години го одби барањето на Вон со образложение дека според правилникот не се дозволени мешани трки. Неодамна директорот на женските трки во ФИС, Атле Скардал, изјави дека „би било тешко да се организира таков предизвик“.

„Значи доколку на жените им биде дозволено да се натпреваруваат со мажите, тогаш ќе треба да им биде дозволено и на мажите да се натпреваруваат со жените, а јас не сум сигурен дека тоа е правецот во кој треба да се движиме“, изјави Скардал.

Линдзи Вон е вистинска легенда на женското скијање и е една од шесте скијачки кои во кариерата победиле во сите пет дисциплини во алпско скијање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…