Џеси Лингард игра фантастично откако го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Вест Хем.
Лингард постигна 9 гола и 4 асистенции за Вест Хем во Премиер лигата и е најзаслужен за добрите игри на „чеканите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лингард има договор со Манчестер Јунајтед на уште една година, и на лето сигурно ќе се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи Вест Хем не е во можност да го откупи неговиот договор.
Челните луѓе на Јунајтед поставиле цена од 30 милиони евра, а неколку клубови се спремни да ја платат таа сума.
Се очекува Лингард да ги започне подготовките со Манчестер Јунајтед, а доколку пристигне понуда од 30 милиони евра „црвените ѓаволи“ се спремни да ја прифатат.
Jesse Lingard could start next season back at Manchester United because West Ham doubt they can find the funds to sign him on a permanent deal. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/CWNLEQxpQN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 11, 2021