Лидс после цели 16 години се врати во Премиер лигата, па сака да донесе големи засилувања за следната сезона.
Сопственикот на клубот, Андреа Радрицани, призна дека шансите да го доведат Златан Ибрахимовиќ се мали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ибрахимовиќ сигурно ќе биде тешка задача за нас. Се обидовме да го донесеме во јануари, но тој во тоа време го одбра Милан. Сега мислам дека е предоцна, интензитетот на англискиот фудбал е различен“, истакна Радрицани.
Сепак, клубот на Алиоски не ја исклучува можноста да го доведе Едисон Кавани, кој е слободен агент.
„Кавани е друга приказна. Покрај со квалитетите, тој добро би се вклопил во тимот поради физичките предиспозиции. Не сме постигнале договор со тренерот околу неговиот трансфер, но тој дефинитивно е на нашиот радар“, призна сопственикот на Лидс.