Дома Фудбал Лига Куп: Челзи после пенали подобар од Саутемптон, Арсенал сигурен, во четвртфиналето и третолигаш

Лига Куп: Челзи после пенали подобар од Саутемптон, Арсенал сигурен, во четвртфиналето и третолигаш

Додека Арсенал вчера после 90 минути со победата над Лидс обезбеди пласман во четвртфиналето на Лига Купот Челзи тоа го направи дури после пенали.

Челзи го пречека Саутемптон, а Томас Тухел очекувано направи промени во играчкиот кадар. „Сините“ поведоа кон крајот на првиот дел со голот на Каи Хаверц, но на самото отварање Че Адамс изедначи на 1:1.

И покрај големиот број удари и шанси на двете страни во продолжение мрежите не се тресеа. На крајот домаќините беа подобри во пенал рулетот.

Третолигашот Сандерленд славеше победа над Квинс Парк Ренџерс, екипа од Чемпионшип. После 90 минути немаше голови на оваа средба, победникот се решаваше на пенали.

Ждребот за четвртфиналето е вечерва кога ќе бидат одиграни и преостанатите натпревари од осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа ја затегна одбраната на Фулам: „Не е сè во моите идеи“

По шест кола без победа, Фулам врза два триумфа со 1-0. Арбелоа го промени пристапот, но г…