Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а трката за неговиот потпис веќе започна.
Грузиецот и оваа сезона го потврди својот потенцијал, па силен интерес за него покажува ПСЖ, кој важи како фаворит за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, сега во трката за неговиот потпис сериозно се приклучи и Ливерпул, кој стапил во контакт со неговиот агент.
Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но без пласман во Лигата на шампиони тешко дека ќе може да го задржи.
Ливерпул наворно е спремен да плати 80 милиони фунти за Грузиецот и сака да ја победи конкуренцијата.