Екипата на Ливерпул спрема два големи договори за своите фудбалери.
Како што пренесува „Ливерпул ехо“, на двајца фудбалери на црвените наскоро ќе им бидат понудени нови договори.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Се работи за Роберто Фирмино и Бен Вудбурн, 17 годишниот фудбалер кој веќе е стандарден во репрезентаијата на Велс и наскоро би можел да стане еден од најдобрите фудбалери на овој клуб.
Вудбурн оваа сезона запиша еден настап и тоа во Лига купот, додека Фирмино одигра седум натпревари и успеа да постигне вкупно четири погодоци.
Бразилецот во Ливерпул пристигна во 2015 година од германски Хофенхајм и од тој момент беше стрелец на 27 погодоци за клубот од „Енфилд“.