
Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓
Aко се сметаат двата натпревари во нокаут фазата…
По убедливиот пораз на „Енфилд“ од 5:2 во Ливерпул, прават се дополнително да се мотивираат пред реваншот со Реал во Мадрид.
Официјалниот Твитер профил на „црвените“ објави твит со најинтересните детали од мечот во Мадрид во 2009 година, кога Ливерпул победи со 1:0 со голот на Израелецот Јуси Бенајун.
Како и сега и тогаш стануваше збор за осминафинале од Лигата на шампионите. Англискиот тим го доби и реваншот на „Енфилд“ со 4:0, што е еден од најтешките порази на Реал Мадрид на меѓународна сцена со вкупен резултат 5:0.
Ливерпул во тој период од клупата го предводеше Рафа Бенитез, а играа Џерард, Карагер, Торес, Чаби Алонсо, Маскерано, Кајт, Шкртел, голманот Реина …
Сепак, оттогаш поминаа речиси една и пол деценија и Реал победи дури шест од следните седум натпревари кои ги играше против „црвените“.
Yossi Benayoun's late header secured a memorable win at the Bernabéu in 2009 🔴📽#RMALIV pic.twitter.com/NHpTrtgEEI
— Liverpool FC (@LFC) March 13, 2023